Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Апсење во Карпош и Бит Пазар – Полицијата приведе 4 лица

Македонската полиција вчера стави лисици на рацете на четири лица на различни локации.

Во 22.10 часот полициски службеници од СВР Скопје, во селото Брњарци ги лишиле од слобода Б.Б.(19) и Е.Б.(24), двајцата од Арачиново, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.

Во 22.50 часот полициски службеници од СВР Скопје, на булеварот „Партизански одреди“ го привеле Б.Ѓ.(23) од Битола, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, а претходно во 20.15 часот во Полициската станица Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје на улицата „Цветан Димов“ го привеле Е.Љ.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Протерување на младите умови, предлог-Законот ги деградира младите кадри

C +

Поплави во повеќе региони во земјава – евакуирани 220 лица во Кичево, критично во Форино, поплавени куќи, ниви, подруми

C +

Министерство за транспорт: Во дијалог со Европската Комисија се операционализираат решенијата соодветно на барањата на македонските превозници

C +