Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Филипче на граѓанска трибина: Гевгелија добива апарат за рентген и компјутерски томограф, на прав пат сме да го зајакнеме здравствениот систем

Претседателот на комисијата за здравство на СДСМ Венко Филипче синоќа учествуваше на граѓанската трибина ,,На прав пат” во Гевгелија.

Пред присутните, Филипче истакна дека и покрај руинираниот здравствен систем што зад себе го остави ВМРО-ДПМНЕ, денес здравстото е на прав пат.

– Во изминативе две години решивме да инвестираме во медицинскиот кадар. Ги покачивме платите за 15 отсто за лекарите специјалисти и за 10 отсто за медицинскиот персонал. Нашата заложници е веќе следната лекарите специјалисти да добиваат месечен приход од 100.000 денари. А следниот месец по 10 години конечно ќе го зголемиме бодот за капитација за матичните лекари, истакна Филипче.

Пред присутните Филипче најави капитални инвестиции во здравството кои се од клучно значење за Гевгелија и регионот.

Во следната години болницата во Гевгелија ќе добие нов апарат за рентген и компјутерски томограф за вие граѓаните да не мора веќе да патувате до Скопје или до Струмица, најави Филипче.

Преку одговорни политики, порача Филипче, решивме да го ставиме пациентот во центарот на здравствениот систем.

– Драго ми е што Гевгелија беше меѓу првите општини каде што беа укинати квотите за лекови во аптеките. Со тоа ставаме крај на редиците и турканиците на почетокот на месецот. Сега секој може да го добие својот лек во кој било ден од месецот, а истовремено градиме механизми против евентуални злоупотреби со лековите.

Сигурен сум дека преку одговорните политики на прав пат сме да го зајакнеме здравствениот систем, порача Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +