Centar.mk
БИЗНИС

Нова цена на горивата во Македонија

Малопродажните цени на бензините и дизелот минатата недела се намалија за еден денар, според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 68,50 денари за литар, на Еуросупер БС-98 изнесува 71 денар за литар, а Еуродизелот се продава по 63,00 денари за литар.

За еден денар се намалува цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое ќе се продава по 52,50 денари за литар и малопродажната цена на мазутот се намалува за за 0,876 денари за килограм и изнесува 33,158 денари за килограм.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 4,35 отсто или за 27,50 долари за тон, кај дизелот има намалување во просек за околу 3,36 отсто или за 20,70 долари за тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 3,53 отсто или за 21,35 долари за тон и кај мазутот намалување во просек за околу 4,12 отсто или за околу 16,20 долари за тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 55,96 денари за долар.

Денеска не чека нова цена на горивата. Останува да видиме дали ќе има поскапување или намалување по полноќ.

Можеби ќе ве интересира

Македонски производи во износ од 15,5 милиони евра извезени преку мрежата на Лидл во 2025 година  

ДЕСК

Усвоен Кварталниот извештај: Макроекономските движења се во согласност со очекувањата на Народната банка

ДЕСК

Секој живот е приказна: Mozzart верна поддршка на кампањата за ретки болести

ДЕСК