24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Швеѓаните просечно годишно заработуваат по 26.500 евра

Секој шведски државјанин кој работи, годишно заработува просечно по 287.000 илјади круни или 26.560 илјади евра што е по околу 2.200 евра месечно, објави шведската Агенција за статистика.

Сепак, приходот значително варира помеѓу градовите во земјата.

Во соопштението на Агенцијата се вели дека најголема плата е забележана во Дандерид, предградие на Стокхолм, каде лани граѓаните во просек заработувале по 383.990 круни годишно или 35.530 илјади евра.

На врвот на списокот се предградијата Таби, Лома, Нака, Никварн и Лидидо, од кои повеќето се наоѓаат во близина на главниот град Стокхолм.

Во соопштението се наведува дека мажите продолжуваат да заработуваат многу повеќе од жените, но јазот во приходите полека се намалува./Makfax