Околу 2.000 тркачи учествуваа на третата трка Skopje Run 10K што се одржа денеска со старт од пред фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк.
Во машката категорија прв заврши Дарио Ивановски со 31:07 минути, втор беше Милош Ранчиќ со 33:44 минути, трет беше Атанас Анчевски со 33:49 минути. Од женските прва беше Теодора Симовиќ со 34:59 минути, второто место го зеде Андријана Поп Арсова со 37:02 минути и на третото место заврши Билјана Кираџиева со 37:59 минути.
Дарио Ивановски го надмина машкиот државен рекорд во 10 километри на улична трка.
Од штафетната трка најдобри беа Game On со 36:34 минути, по нив NRC-NIKE+RUN CLUB со 37:55 минути и трети завршија 3P DEVELOPMENT со 38:01 минути./Makfax