Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Помпео на Твитер: Односите со Северна Македонија повеќе ќе се засилат

Нашите односи уште повеќе ќе се засилат преку заедничките заложби за мир, безбедност и просперитет, напиша на Твитер државниот секретар на САД по денешната официјална посета на Република Северна Македонија и средбите во Охрид со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев.

– Дискутиравме за поддршката на САД за пристапувањето на Северна Македонија кон НАТО и ЕУ, имплементацијата на Преспанскиот договор и економскиот развој со претседателот Пендаровски покрај прекрасното Охридско Езеро. Нашите односи уште повеќе ќе се засилат преку заедничките заложби за мир, безбедност и просперитет, пишува Помпео, кој доцна попладнето од Охрид замина за Атина во официјална посета на Грција.

Можеби ќе ве интересира

Мајка и син пријавени за даночно затајување: Примиле 579.015 евра од Германија

ДЕСК

Мицкоски: Со m.Uslugi до помалку шалтери, помалку документи и побрзи услуги за граѓаните

ДЕСК

Приведени четири лица осомничени за разбојништвата со последица смрт во Хром и Ѓорче Петров

ДЕСК