2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Старт на преговорите за Северна Македонија и Албанија бараат челниците на европските институции

Во заедничко писмо испратено попладнево до земјите членки на ЕУ, актуелниот претседател на Европскиот Совет, Доналд Туск, новоименуваната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, бараат отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ за Северна Македонија и Албанија.

Тие потсетуваат дека земјите членки се заложија во јуни да се навратат на прашањето и да донесат суштинска одлука во октомври.

„Северна Македонија и Албанија го направија тоа што го побаравме од нив. Целите бараа значаен напор од нивните граѓани за кои европската перспектива е голем извор на мотивација и одлучност“, се наведува во писмото на челниците на европските институции.

Тие сепак нагласуваат дека нема гаранција за успех во преговарачкиот процес и дека ќе биде потребен голем реформски напор за двете земји да станат полноправни членки.

„Веруваме дека сега е време да се отворат пристапните преговори со двете земји“, се додава во писмото.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Илинден е ден на обединување, ден кога сите треба да се поклониме пред минатото и да се заветиме за иднината

C +

Шукова со честитка за Илинден: Заедно да градиме нова иднина, да ги движиме и Скопје и Македонија напред!

ДЕСК

Али Ахмети: Македонија, не твоја или моја, туку наша!

ДЕСК