Полицијата информира дека вчера околу 16.50 часот во СВР Битола бил приведен Ф.М.(45) од с.Долно Тапеши, Струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“’.
Истиот ден на патот Битола – Ресен, на место викано „Катинска крстосница“, полициски службеници од СВР Битола, поради сторен сообраќаен прекршок, запреле товарно возило со струшки регситарски ознаки, управувано од Ф.М., кој се обидел да им даде поткуп на полициските службеници. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок./Makfax