– “На прав пат” значи дека кампањата на СДСМ ќе биде во правец Северна Македонија да биде дел од Европа, што значи дека ќе бидеме дел од семејството на демократски, модерни и развиени земји, пишува Ненад Јовановиќ на Фејсбук.
Тој додава дека додека Мицкоски екипира тимови од послушници заканувајќи се со некаква фантазерска “влада во сенка”, СДСМ излегува во поход на директни и граѓански трибини. Брзо, живо и динамично.
-Апологетски ли ви звучи ова погоре (?), тоа ми го зборуваат луѓето од “јавниот свет” во земјата. Знаете, многу луѓе донесуваат многу мал број на одлуки, а останатото го препуштаат во недефинирани состојби. Тоа, другарчиња, јас не го трпам. Барам од себе и од другите луѓето да се изјаснуваат “за” или “против”. Тоа некои го оценуваат како притисок. Јок, море! Таков сум, ги будам од сонот, а тие не сакаат да бидат разбудени.
#НаПравПат во модерна, развиена и демократска земја. И тука компромиси нема! – пишува Јовановиќ.