2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Ние се грижиме за граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести и тоне во безидејност

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која парите ги трошеше на споменици и барокни фасади од стиропор, СДСМ обезбедува средства за подобрување животниот стандард на граѓаните и за подобрување на условите за работа во јавниот сектор. СДСМ го зголеми буџетот за одбраната за 15 насто, платите на вработените во одбраната се зголемени за 10 насто и целосно се исплаќаат 24 часовните дежурства, а за припадниците на АРМ се обезбедени 7.200 пара чизми, се вели во денешната реакција на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ги зголемивме платите на сите вработени во Министерството за внатрешни работи, а се обновуваат полициските униформи и опремата. Комплетни униформи веќе добија Единицата за специјални задачи, потоа воздухопловниот персонал, како и Одделот за обезбедување на личности и објекти, а во тек е комплетирање на униформите за Единицата за брзо распоредување и Посебната единица за поддршка. Со средства од буџетот на МВР се санирани и реновирани повеќе од 33 објекти.

ВМРО ДПМНЕ шири лажни вести, а СДСМ ги покачи платите на вработените во јавниот сектор за 5 насто, обезбеди финансиска поддршка за 12 илјади стечајци, ја зголеми минималната и просечната плата, неселективно ги исплаќа субвенциите за земјоделците, се вели во реакцијата на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +