Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Јовановиќ до Героски: „Вашиот“ Мицкоски на македонскиот народ му вели „Ќути!“

„Многу сакаат лекции да нафрлаат, многу сакаат да се истакнуваат како врвни арбитри, забораваат елементарни работи, а тоа ќе им го каже секој еден што ги разбира матриците со кои тие оперираат, а тоа е таканаречената флоскула „народ“. Било кој, и било чиј. Но, да одиме кратко, јасно и со ред“, пишува аналитичарот Ненад Јовановиќ.

„Не го прави лидерот народот, туку народот го проектира лидерот. Не ги направи Хитлер Германците нацисти, туку Германците беа некакви, па го избраа човекот што ги поттурна понатаму, ги обедини, и историјата ја знаете.

Груевски, а богами и денес „вашиот“ Мицкоски, на тој македонски народ му велеше и му вели (тој исти народ кој вие сега демек го браните, тјах!, држ ме бабо, сиспосрав!) на седници на Влада, или партија, или држава: „Куш! Ќути. Кој ти дозволи да зборуваш“! Оти така со нив зборува „правиот“ татко во фамилија. Така разговараат денес и професорите во училиштата. Така Героски и Милчин денес разговараат со мене преку медиуми.

Тој е системот на односи за кој живеам и постојам. Тој однос што не само јас, тој однос мора сите да го менуваме.

На крајот, немам јас љубов за народи, јас имам љубов за конкретни луѓе. Не познавам ниеден човек што може да сака еден народ. Таква љубов мене ми е патолошка.

И никогаш, ама никогаш нема да поддржувам злосторници и луѓе кои го конституираа тој авторитарен и длабоко неправеден режим. Никогаш.

ПС.

Македонскиот народ официјално е конституиран 1945 во Социјалистичка Југославија како еден од петте рамноправни народи“, додава тој.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +