Centar.mk
БИЗНИС

(Видео) Анѓушев: Идната улога на пазарите на капитал во мали и отворени економии

Владата и Министерството за финансии активно работат на развојот на финансискиот пазар, а со тоа и на пазарот на капитал, преку усогласување на домашното законодавство со законодавството на ЕУ. Постојниот Закон за хартии од вредност ќе биде заменет со два нови закони: Закон за пазарот на хартии од вредност и Закон за понуда и издавање на хартии од вредност, рече Вицепремиерот Анѓушев, обраќајки се на отворањето на настанот – Тркалезна маса „Идната улога на пазарите на капитал во малите и отворени економии“, во организација на Комисијата за хартии од вредност и Македонска берза АД Скопје.

„Овие два закони ќе овозможат пофлексибилно и подинамично тргување со хартии од вредност. Цениме дека берзата во иднина треба да има се поголема улога во економското живеење во нашата држава и да се користи како механизам за вбризгување на свеж капитал во компаниите. Се надевам дека ќе можеме во иднина да гледаме и ИПО активности на берзата, дека се повеќе компании ќе се осмелуваат да префрлаат од друштва со ограничена одговорност во акционерски друштва, бидејќи јасно и познато е дека сите фамилијарни компании во развиениот свет почнувале како друштва со ограничена одговорност, а подоцна сите тие преминувале во акционерски друштва бидејќи на тој начин обезбедувале свеж капитал за свое проширување, за проширување на своите дејности. Јасно е дека во рамките на една компанија тешко дека може да се обезбеди капитал за динамичен напредок и развој на компанијата и јас ги охрабрувам сите компании кои денес се друштва со ограничена одговорност, а имаат идеја за свој развој да преминат во акционериски друштва и да се обидат на пазарот на хартии од вредност да обезбедат свеж капитал за нивните компании“, нагласи вицепремиерот Анѓушев.

Можеби ќе ве интересира

„Реплек“ одбележува 10 години производство на производи од медицински канабис – реализиран и првиот извоз во ЕУ

C +

Што ги движи иновативните компании? Реплек и Економскиот факултет отворија дебата за иднината на бизнисот

C +

Охрид домаќин на 10. Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати – ОКТА ја потврдува својата улога на регионален енергетски партнер

C +