Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешко повреден работник од Кавадарци итно однесен во болница

Работник од Кавадарци вчера тешко се повредил на работното место и итно бил пренесен во болница.

Во 09.15 часот во Полициската станица Кавадарци, од болницата во Кавадарци било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен 45-годишниот Д.К. Според пријавеното, тој се здобил со повреди додека извршувал работни задачи во фирма во Кавадарци, јави денеска МВР.

Увид извршила екипа од Полициската станица Кавадарци во присуство на инженер по безбедност и заштита при работа.

Се работи на расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Економските реформи и европската интеграција во фокусот на средбата со полскиот амбасадор

ДЕСК

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

ДЕСК

Беким Сали од Даблин: Наследството на Охридскиот договор треба да се одразува во секојдневниот живот на граѓаните

ДЕСК