Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов продолжува да работи одговорно и во интерес на граѓаните, Град Скопје целосно го менува својот лик. Со новиот концепт на третман на комуналниот отпад и хигиената на јавните површини во Скопје глетките на отворени и преполни контејнери со отпад, кои околу себе шират непријатна миризба се веќе минато, изјави денеска Љубица Јанчева, претседателка на Совет на Град Скопје и претседателка на ОО СДСМ Аеродром.
За таа цел, рече таа, набавени се нови контејнери коишто се највисокиот технолошки стандард применет во Европа. Со 540 нови контејнери со капацитет од 3200 литри со ќе бидат заменети над 1800 од вкупно 4500 досегашни стари контејнери.
Новите контејнери се речиси со 3 пати поголем капацитет од досегашните, опремени со механизам за автоматско затварање на капакот и упатства за правилно користење.
-Во соработка со Пакомак набавени се и 30 контејнери со капацитет од 2200 литри за селектирање на отпад.
Со оглед на тоа што станува збор за сосема нов систем, градот набави 4 нови комунални возила за третман на овие контејнери. Овие возила се опремени со технолошки најсовремен систем за странично собирање на отпадот што значително ќе го забрза и поевтини процесот на собирање комунален отпад во нашиот град.
Град Скопје набави и 950 нови канти за џебен отпад што преставува зголемување за една половина од досегашните 1750 канти. 850 од нив се направени од еластичен материјал и дополнително се заштитени од непрописно полнење со кеси полни со комунален отпад и од растурање на ѓубрето од уличните животни. Останатите 100 канти се прилагодени и за отпадоци од домашните миленици.
Овие канти заедно со новите 12 електрични машини за вакуумско чистење и новите 10 електрични возила за чистење и миење на јавни површини освен што го зголемуваат техничкиот потенцијал, дополнително претставуваат можност за граѓаните заеднички да се грижиме за хигиената на јавниот простор во нашиот град.
Возилата за миење и чистење се наменети за одржување на хигиената на јавните простори, пред се шеталиштата, тротоарите и вело патеките. Се работи за технолошки најсовремени машини на електричен погон заради што воопшто нема да го загадуваат воздухот во Скопје, рече Јанчева.