Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пендаровски го пречека црногорскиот претседател Ѓукановиќ

Во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“, претседателот Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, кој престојува во официјална дводневна посета на нашата земја.

Посетата на црногорскиот претседател е воедно и прва официјална посета на странски претседател на Северна Македонија во мандатот на претседателот Пендаровски.

Во фокусот на разговорите на двајцата претседатели се пријателските односи меѓу Северна Македонија и Црна Гора, кои споделуваат заедничко минато и се стремат кон заедничка иднина преку интегрирањето во евро-атлантските институции.

Покрај тет-а-тет средбата меѓу претседателот Пендаровски и претседателот Ѓукановиќ, предвиден е и пленарен состанок меѓу македонската и црногорската официјална делегација, како и прес конференција на двајцата претседатели.

Можеби ќе ве интересира

ЗАКАНИ СО ОСТАР И ТВРД ПРЕДМЕТ ВО КАРПОШ – На 15-годишник му одзеле лични предмети

ДЕСК

УАПСЕН 27-ГОДИШНИК ВО ДРАЧЕВО – Пријавен за напади врз патници, возач и полицајци

ДЕСК

УДРИЛ ВО ВОЗИЛО НА МВР И НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЈЦИ – Кривична пријава против 27-годишник

ДЕСК