15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кузмановска: Исполнето е ветувањето за укинување на квотите за лекови, СДСМ продолжува со грижа за пациентите и го унапредува здравствениот систем

-СДСМ продолжува со реализација на мерките од „Планот за живот“ кои обезбедуваат подобри услови и подобар живот за сите граѓани. Го исполнивме ветувањето за укинување на квотите за лековите на рецепт, решивме деценски проблем. Граѓаните веќе не мора да се грижат дали ќе можат да го подигнат соодветниот лек, бидејќи со оваа мерка можат да го подигнат лекот во која било аптека, кој било ден од месецот, изјави денеска Катерина Кузмановска, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

Укинувањето на квотите за лековите на рецепт, рече Кузмановска, директно влијае да се намалат турканиците кај матичните лекари и аптеките на почетокот на секој месец.

Преку оваа мерка, додаде таа, се зголемуваат контролните механизми при издавањето на лековите од позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување и се елиминира можноста од злоупотреби преку издавање на фиктивни рецепти.

-СДСМ со конкретни мерки и реформи ја зголемува грижата за пациентите и го враќа достоинството на здравствените работници. Од минатата година па до денес, покачена е платата за 10% на медицинските сестри и 15% на докторите специјалисти. Со ребалансот на буџетот, од 1 септември ги зголемуваме платите во здравството за дополнителни 5%. Остануваме посветени да го реализираме нашето ветување, до крајот на мандатот, платата на лекарите специјалисти да изнесува 100 илјади денари, рече Кузмановска.

Спонзорирано: