Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Помпео на европска турнеја – по Италија, Грција, Црна Гора ќе ја посети и земјава

Американскиот државен секретар Мајк Помпео до 6 октомври ќе биде на турнеја по Европа, во чии рамки ќе ги посети Италија, Ватикан, Црна Гора, Република Северна Македонија и Грција.Во делегацијата на Помпео е и заменик помошникот државен секретар задолжен за Европа и Евроазија, Филип Рикер, соопшти Стејт департментот.

Помпео, кој синоќа се сретна со италијанскиот премиер Џузепе Конте, ќе го посети Ватикан каде ќе се сретне со папата Франциск и кардиналот Пјетро Паролин, додека во Рим ќе има средба и со претседателот Серџо Матарела, како и со министерот за надворешни работи Луиџи ди Маја.

Американскиот државен секретар во петок ќе престојува во Црна Гора каде се планирани одвоени средби со претседателот Мило Ѓукановиќ, со премиерот Душко Марковиќ, како и со министерот за надворешни работи Срѓан Дармановиќ.

Потоа, Помпео се очекува да допатува во Република Северна Македонија каде ќе разговара со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и други владини претставници, а за време на обиколката на Охридско Езеро, предвидена е и посета на манастирскиот комплекс Перивлептос.Помпео ја завршува својата европска турнеја во Грција каде треба да се сретне со премиерот Кирјакос Мицотакис и министрите за надворешни работи и одбрана.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК