9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ : Рапидното задолжување мора веднаш да запре

,,СДСМ пропаѓа. Се послабиот рејтинг е јасен показател дека расипништвото, корумпираноста и неспособноста на Заев се прочитани. На граѓаните им е преку глава од лошите политики, стагнацијата во економијата, руинираното здравство, закржлавеното образование, запуштеното земјоделство”, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, граѓаните му веруваат на ВМРО, како единствена алтернатива која ќе ја извлече државата од апатијата во која не внесе Зоран Заев.

,,Рапидното задолжување мора веднаш да запре. Недозволиво е Македонија да има над 5.3 милијарди евра јавен долг, а во исто време да бележиме пад на инвестициите и катастрофална реализација на капиталните инвестиции.28% капитални инвестиции за 2/3 од годината е одлика на неработа, безидејност и некадарност.

Немањето на откуп за земјоделските производи, ниските цени и лошата земјоделска политика резултираа со буништа полни со земјоделски производи, земјоделци во тага и изнемоштеност.
СДСМ нема капацитет да ги запре негативните политики, ниту кредибилитет повторно да бара поддршка, да лаже и да ветува. Единствен начин државата да се исправи на вистинскиот пат е пад на Зоран Заев и СДСМ.СДСМ паѓа и назад нема. Доаѓа време за обнова на Македонија”, се додава во соопштението.

Спонзорирано: