17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Феноменална проја со сирење, сочна и мека како пена

Најдобриот рецепт за проја со сирење. Совршено се сече, сочна и мека со ситни дупчиња.

Состојки: 2 шолји пченкарно брашно, 1/2 шолја бело брашно, 3 јајца, 1,5 шолји јогурт, 1/2 шолја масло, 1,5 лажичка сол, 1 прашок за печиво, 300 гр ситно сирење

Начин на подготовка:

Разматете јајца па додајте сол, масло, јогурт. Измешајте. Измешајте брашно и прашок за печиво. Важно е да нема грутки, слободно можете да користите миксер. Потоа измешајте сирење, најдобро е да го замесите со лажица бидејќи кога ќе се испече ќе останат ситни парчиња сирење

Намастете тепсија со пречник од 30 см, и посипете ја со брашно. Ставете ја пројата и печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 45 минути.

Добар апетит!

Спонзорирано: