19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Димовски: Селекцијата на кандидатите за прием во АНБ се донесени со мнозинство, работевме во согласност со постојната законска регулатива

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски на денешниот брифинг со новинарите во медија центарот на Владата информираше за работата на комисијата за селекцијата на вработените во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) кои аплицираа на јавниот повик за прием во Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

„Во текот на денешниот ден, имав средба и реферирав пред надлежната Собраниска комисија за контрола и надзор на безбедносните служби и ги информирав за завршениот тест на селекција на вработени од поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање кои беа преземени во Агенцијата за национална безбедност.

Во поглед на одредени прашања кои се појавија во јавноста, директорот Димовски рече дека не е загрижен и според него се работи за потврда дека она што се работело е добро сработено и како што подвлече ова е потврда дека сме на вистинскиот пат, дека е направен напор за суштински, а не само формални промени.

„Сакам да кажам дека времето на поединци и групи, кога одлучуваа што ќе се одлучува и како ќе се одвиваат одредени процеси во државата е поминато. Работевме во согласност со постојната законска регулатива, работевме врз основа на однапред утврден и едногласно утврден Деловник за работа и сите одлуки беа донесени едногласно освен една која што беше донесена со мнозинство“ додаде Димовски.
Тој информираше и го објасни процесот на селекција на кандидатите, нагласувајќи дека се работи за важен процес поврзан со европската и евроатлантската иднина на нашата земја.

Спонзорирано: