6. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Онлајн депозит – нов иновативен производ од ХалкБанк

ХалкБанк како лидер во воведувањето нови современи технологии и создавање производи и услуги, подготви нов иновативен производ – онлајн  депозит со кој граѓаните едноставно, со еден клик може да започнат да штедат. Преку овој производ, ХалкБанк воведува значајна дигитализација на банкарските услуги за физичките лица, односно граѓаните.

Новиот депозитен производ е наменет за физички лица и претставува уште еден чекор во дигитализацијата на финансиските услуги во земјава со кој, доколку клиентот решил да штеди, нема потреба да оди во некоја филијала и да отвора штедна книшка туку едноставно, тоа може да го направи од кое било место. Единствено е потребно клиентот да е корисник на електронското банкарство на ХалкБанк. Штедењето може да биде во денари или во евра, при што минималниот износ за вложување е 3.000 денари или 50 евра, додека максималниот износ е неограничен, согласно расположливите средства на трансакциската сметка, вклучувајќи го и кредитниот лимит.

„Во октомври, месецот на штедење, ХалкБанк која постојано ги следи светските трендови и новите технологии во банкарското работење, подготви иновативен производ со кој граѓаните може да штедат на едноставен начин. Со онлајн депозитот нема потреба од одење во некоја филијала, туку целата процедура се завршува со само еден клик. Во нашата земја свесноста кај населението за користењето на дигиталните трендови, како што се електронско банкарство, мобилно банкарство или онлајн аплицирање, сè уште е на скромно ниво. Токму затоа, пласирањето на овој производ нуди двојна предност, поттикнува на штедење посебно кај младата популација што е високо свесна за можностите на дигитализација, и другата ја претставува дигитализација на банкарските производи како едноставен, сигурен и потврден начин за многу банкарски услуги. Истовремено, ние како банка сметаме дека за промена на ваквата состојба огромна улога имаат и институциите, кои го овозможуваат ваквиот начин на работење. Само така во блиска иднина и нашата земја ќе може да го достигне европскиот процент во користење на дигиталните услуги. ХалкБанка и досега била, а и во иднина ќе биде промотор на технолошки промени во банкарското работење“, велaт од ХалкБанк.

Отворањето онлајн депозит во ХалкБанк може да се направи единствено преку платформата за електронско банкарство, а средствата може да се орочат на 6,12 и 24 месеци. Износот кој се уплатува е фиксен, односно нема можност за дополнителни уплати. Банката за овој производ подготви атрактивни камати, кои се фиксни за периодот на орочување – од 0,70% ако се штеди во денари, односно 0,40% за шест месечно орочување на девизи. Кај орочувањето на година дена каматата за штедење во денари е 1,40% и 0,70% за девизно штедење, додека за депозит орочен на две години ќе се пресметува 2,10 % камата за денарско, односно 1,30% за девизно штедење.

Постапката за отворање депозит е едноставна. Со логирање на платформата e-bank со своето корисничко име и лозинката за еднократна употреба (ОТП) која корисникот ја добива на својот мобилен телефон, се појавува опцијата „ОТВОРИ ДЕПОЗИТ“ каде со едноставно кликање, во четири чекори, се станува штедач во ХалкБанк.

За овој производ не е предвидено печатење штедна книшка и Договорот за електронско орочување на депозит од страна на клиентот и Банката се потпишува во електронска форма. На овој начин, со избегнување каква било употреба на хартија во сите процедури, клиентите на ХалкБанк, заедно со банката придонесуваат и за заштита на животната средина.