5. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Васев: Мицкоски, Ѓорчев и ВМРО-ДПМНЕ навиваат државата да не добие датум за преговори, работат против ЕУ и НАТО

– ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски нудат само обнова на криминаланиот режим и богатење на неколкумина во белиот дворец. Затоа, ВМРО-ДПМНЕ се единствените кои работат против нашата интеграција во НАТО и ЕУ. Последна потврда за тоа е изјавата на Владимир Ѓорчев, дека Северна Македонија не заслужува да добие датум за преговори, изјави денеска Стефан Васев од СДСМ.

Васев праша дали Влатко Ѓорчев навистина мисли дека земјава не заслужува датум и дали свесно работи и навива државата да не започне преговори со ЕУ?

– ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се спремни да и штетат на земјата само за политики поени, но не се свесни дека со тоа губат. Граѓаните се против нивното антидржавно, неодговорно и деструктивно однесување. Тоа се докажа и во Кратово со слабата посетеност на предвидената трибина на ВМРО-ДПМНЕ на која освен локалниот партискиот врв на опозицијата не се појавија граѓани. Политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се поразени од граѓаните, кои не дозволуваат одбрана на криминалниот режим. Граѓаните на нашата државата тргнаа по патот на интеграциите и напредокот. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат осамени во деструктивното однесување и одбрана на криминалот, рече Васев.