Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Од сообраќај исклучени 30 возачи – полицијата во акциска контрола низ Скопје

Во текот на 30.09.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 17 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 30 возачи, од кои: девет возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 19 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца возачи – почетници кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 13 возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се девет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четири возачи поради неправилно престигнување, три возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, седум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и девет возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден, издадени се 76 мандатни платни налози, а 57 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ХОРОР ВО МАКЕДОНИЈА: Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

ДЕСК

МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА ВО СОЛЗИ: Во страотна сообраќајка на патот Прилеп – Росоман загинаа 2 лица, повеќе се повредени

ДЕСК

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ДЕСК