Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

МВР со детали за убиството во Кочани- уапсени двајцата синови

Рано утринава 30- годишниот Д.С пријавил дека неговата мајка се здобила со повреди од остар предмет,па била пренесена во болница, по што полицијата излегла на терен па е најдено безживотното тело на неговиот татко.

„На 30.09.2019 во 05.20 часот во СВР Штип, Д.С.(30) од Кочани пријавил дека во семејниот дом на ул.„Климент Охридски” во Кочани неговиот татко В.С.(55) со остар предмет ја нападнал неговата мајка Н.С.(46) која се здобила со повреди и била пренесена во болницата во Кочани. Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што било пронајдено безживотното тело на В.С., со убодна рана во пределот на градите“ се вели од МВР.

Во врска со случајот приведени се Д.С. (30) и А.С. (25), синови на В.С.

Увид извршиле Јавен обвинител и екипа на Полициската станица Кочани. Се работи на расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Каква храна јадеме? Ако и етикетата лаже, на што да веруваме: Нов аларм за храната што ја конзумираме

ДЕСК

ВЕТЕР ДО 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: Се очекуваат најсилни удари во западните делови – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК