15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сонот се остварува: Македонија чекори кон ЕУ – Бундестагот даде зелено светло за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ

Пратениците на Бундестагот, со големо мнозинство изгласаа владата да пристапи кон отворање на пристапни преговори со Северна Македонија во октомври.

За“ гласаа 476 пратеници, против 122, а 16 беа воздражани.

Поддршка доби и Албанија за почетна резолуција за почеток на преговорите. „За“ почеток на преговорите со Албанија гласаа 395 пратеници, 188 беа против, а 16 беа воздржани.

Од Македонија се бара исполнување на критериумите за членство во ЕУ, но и гаранција за заокружување на реформите, особено во делот на владеење на правото.

За официјален почеток на пристапните преговори ќе биде потребна позитивна одлука на самитот на шефовите на држави и влади на земјите членки на Европската Унија кој ќе се се одржи на 17 и 18 октомври во Брисел.

Спонзорирано: