Centar.mk
МОЗАИК

Хан го поздрави гласањето на Бундестагот за почеток на преговорите со ЕУ

Комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Јоханес Хан го поздрави гласањето на Бундестагот за почеток на преговорите со ЕУ во октомври за Северна Македонија и за Албанија.

„Многу го поздравувам денешното гласање на германскиот Бундестаг за отпочнување на преговорите за пристап на Северна Македонија и Албанија во октомври. Признавањето на конкретниот напредок е клучно како поттик за реформите во Западен Балкан и за кредибилитетот на ЕУ!“, напиша Хан на Твитер.

Пратениците на Бундестагот изгласаа владата да пристапи кон отворање на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија во октомври. „За“ почеток на преговорите со нашата земја гласаа 476 пратеници, против гласаа 122, а 16 беа воздражани.

Можеби ќе ве интересира

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 4 НОЕМВРИ 2026 – Близнаците добиваат втора шанса, а Вагите јасен одговор

ДЕСК

Туркије ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД, бронзените ремек-дела од Бубон повторно обединети

ДЕСК

ГОЛЕМ ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 3 НОЕМВРИ – Еден знак добива неочекувана шанса, друг ќе мора да донесе тешка одлука

ДЕСК