Centar.mk
ВО ФОКУСОТМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ќе се врати ли А1 телевизија?: Велија Рамковски најави прва емисија (видео)

Сопственикот на згаснатата легендарна А1 телевизија, Велија Рамковски се огласи во јавноста.

Рамковски на својата фан страна ја најави својата прва емисија за состојбата со медиумите во државата и оптимизмот за интегрирањето на Република Северна Македонија во семејството на eвропските држави.

– Од 93-та година од основањето на А1 до денес, не можев да не размислувам за медиумите. Медиумите се еден од главните фактори за развивање на демократските процеси во секоја држава.

Буквално, како нигде во Светот се дотера да само лошо се кажува. Новинарите покрај тоа што се новинари имаат општествена одговорност во смисла да прават во државата во која живеат да биде подобро, не може да се прај подобро само со лошо, вели Рамковски во краткото тизер-видео кое ја најавува емисијата.

Засега е непознато дали Рамковски најавува можно враќање на А1 телевизија на македонската телевизиска сцена или само сака даде допринос во медиумскиот сектор, користејќи го своето долгогодишно искуство како прв човек на најгледаната телевизија.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК