Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Мизрахи: Додека учениците добијат учебници ќе почне второто полугодие

Министерството за образование и наука и Педагошката служба и годинава не направија напредок за навремена достава на учебниците, обвини Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што рече таа, учениците се снаоѓаат како знаат и умеат за да дојдат до учебник, а веќе е 25 септември.

„Министерството изјавува дека постапката за избор на компанија која ќе ги испечати количините е во тек и дека поради троми тендерски постапки задоцниле со целокупната постапка. Тоа во превод значи дека техничкото наддавање е завршено и се чека на избор на понудувач“, кажа Мизрахи.

Додаде дека тоа мало задоцнување може да значи дека учениците би ги добиле учебниците околу 20 јануари следната година, односно на почетокот на второто полугодие.

„Дали можеби тромоста на тендерската постапка може да се најде во тежината на тендерот што тежи некаде околу 5 милиони евра, односно 330 милиони денари од коишто 55 милиони денари за превод, а 270 милиони денари за техничкото изготвување на учебниците“, праша Мизрахи додавајќи дека министерот и МОН се должни да понесат одговорност за девастирањето на образованието.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК