Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицотакис до Заев: Не би го потпишал преспанскиот договор, но ќе го почитуваме

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис му кажал на македонскиот премиер, Зоран Заев, дека иако не се согласува со преспанскиот договор, Грција е должна да го почитува, пренесе грчката агенција „АНА-МПА“.

Според грчките владини извори, Мицотакис му кажал на Заев дека не би го потпишал договорот од Преспа што претходната грчка влада на чело со Алексис Ципрас го потпиша со земјава во јуни минатата година. Сепак, како што кажал Мицотакис, договорот веќе е дел од меѓународното право и Грција е должна да го почитува.

Мицотакис за време на средбата со Заев истакнал дека во времето на ратификацијата на преспанскиот договор во грчкиот парламент, како лидер на опозицијата направил сѐ што е во негова моќ за да ја спречи ратификацијата. Тој го повика Заев во согласност со временската рамка да ги исполни обврските од договорот, особено во врска со заштитата на трговските марки.

Мицотакис и Заев вчера се сретнаа за прв пат, на маргините на Генералното собрание на ООН во Њујорк, откако беа одржани парламентарните избори во Грција на кои Мицотакис го победи Ципрас.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25°C, А ЗА ВЕЛИГДЕН СИЛЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК