Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Фетаи: Исказот на Зоран Верушески нема да влијае врз постапките на СЈО

Обвинителката Фатиме Фетаи во изјава за новинарите пред денешното рочиште во врска со насилствата во Центар, рече дека исказот на Зоран Верушески кој рекол дека бомбите биле модифицирани и компромитирани нема да влијае врз постапките на предметите од СЈО.

„Според мене, не. Тоа не може да влијае на автентичноста на материјалите со кои располагаме, ниту на постапките. Станува збор за исказ што не е довршен“, рече Фетаи.

Обвинителката Фетаи најави и дека Зоран Верушески ќе биде уште испрашуван од странките во судот.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25°C, А ЗА ВЕЛИГДЕН СИЛЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК