23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

25-та Интернационална Кичевска ликовна колонија во Куманово

Вo четврток со почеток во 20 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура ,,Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложба на слики од 25-та Интернационална Кичевска ликовна колонија.

На оваа реномирана колонија којашто се организира во ,,Куќата на уметноста“ на локалитетот Кнежино (Кичево), на 25-тото издание (2018 година) учество зедоа дваесетина уметници од земјата и странство. Делата во најголем број се слики работени во техниката масло и акрил на платно но има и графики и скулптури. Колонијата е под покровителство на АД ,,Тајмиште“ – Кичево и во својата колекција има преку 900 дела. Претставувањето на 25-та Интернационална Кичевска ликовна колонија во Куманово е дел од Годишната програма подржана од страна на Министерството за култура и ќе биде поставена за целиот период на времетраењето на Меѓународниот фестивал ,,Денови на комедијата 2019“ ( до 15.10.2019).