Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Полицаец зел пари од Холанѓанец за да не му пише казна за прекршок

Основното јавно обвинителство Гостивар оформи предмет против 50–годишен полицаец од с. Јанче, општина Маврово и Ростуше, поради злоупотреба на службената положба и овластувањето.

Осомничениот полицаец го сторил делото на 21 септември околу 16.20 часот кога по завршување на неговото работно време, облечен во полициска униформа запрел возило на магистралниот пат Маврово – Дебар во близина на Бигорскиот манастир. На возачот од запреното возило, државјанин на Кралството Холандија, осомничениот му побарал парични средства во висина од 50 евра за да не го казни за сторен прекршок. Возачот дал 20 евра по што го продолжил патот и случајот го пријавил во полициска станица.

Надлежниот јавен обвинител ценеше дека постои оправдан страв оти осомничениот ќе го повтори кривичното дело поради што до судот достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.

Можеби ќе ве интересира

Левица: Македонија не смее да биде пасивен набљудувач за сопствената иднина – Муцунски и Мицкоски да се огласат по редлогот на Мерц

ДЕСК

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови

ДЕСК

Цветановски: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, ова се неговите лаги

ДЕСК