23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Одлични резултати од мерката Мој ДДВ и неселективен поврат на ДДВ на фирмите

„Една од главните мерки од Програмата на СДСМ парите назад кај граѓаните носи одлични резултати. Дополнително, имаме редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите.

Така, во 2019 заклучно со август извршен е поврат на ДДВ кон фирмите кој е за 49.7 отсто повисок во однос на 2016 година.

Тоа значи дека годинава во стопанството се инјектирани над 17 милијарди денари.

И мерката Мој ДДВ преку која ги враќаме парите назад кај граѓаните, дава одлични резултати“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Досега скенирани се близу 20 милиони фискални сметки, со што повратот на 15 отсто од платениот ДДВ изнесува 164 милиони ден или 2.666.000 евра.

Само во првите месеци од воведувањето на МојДДВ, јули и август, наплатата на ДДВ е зголемена за 10 отсто во однос на минатата година.

Со ребалансот на Буџетот за 2019 година, 300 милиони денари се издвојуваат за поврат на 15 отсто од платеното ДДВ кон граѓаните.

Владата предводена од СДСМ останува посветено да работи во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните преку мерки со кои се намалуваат трошоците на граѓаните и се повеќе пари се враќаат во домашниот буџет, во секое семејство“, соопштуваат од СДСМ.