Centar.mk
БИЗНИС

РКЕ пред одлука – нови цени на горивата

Регулаторна комисија за енергетика денеска напладне ќе ги соопшти новите цени на горивата, кои ќе важат од полноќ.

Со последната промена минатата недела цените на бензинот и дизелот се зголемија.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголеми за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 10.09.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 10.09.2019 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50 ден/лит.

Останува утре да видиме дали не очекува намалување или уште едно зголемување на цените.

Можеби ќе ве интересира

Потврда за квалитет и доверба: „Реплек“ по петти пат сертифициран со EU GMP сертификатот

ДЕСК

ТИТАН Усје: Неоснованите напади само кон една компанија се неразбирливи – фабриката не работи, а загадувањето е високо

ДЕСК

АЕК објави: Оне Македонија победник на националниот тендер за 5G спектар

ДЕСК