Centar.mk
ЛОКАЛНО

За една недела казнети 337 возачи за непрописно паркирање во Општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за една недела санкционираа 337 возачи за непрописно паркирање.

Во периодот од 16 до 22 септември, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 198 непрописно паркирани возила, од кои седум несовесно паркирани на паркинг места наменети за лица со посебни потреби, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 139 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: На 9 Мај „Нож и виљушка на европска чинија“, гастрономија, музика и дружење во Центар

C +

Жичницата на Водно нема да работи за време на викендот

C +

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +