Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Трагична сообраќајка: Едно лице загина во тешка сообраќајка на патот Струга – Дебар

фото: Pixabay

Четириесетиосумгодишен тракторист од струшкото село Велешта загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Струга-Дебар. Несреќата се случи кога автомобил „фолксваген голф“, управувано од Н.Ќ.(56) од с.Г.Лакочереј, охридско се судрил со трактор, управуван од М.Ф.(48) од с.Велешта, струшко.

Во незгодата М.Ф. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга, а потоа во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал.

Н.Ќ. се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга за укажување на лекарска помош. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струга.