4. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Стотици граѓани кои синоќа беа блокирани пред Плетвар покрај драматично чекање со часови, платија двојно патарини, гориво и билети за автобус

Синоќа околу 22 часот проструи информација дека патот Росоман – Прилеп ќе биде затворен цела вечер, се до раните утрински часови, многу граѓани беа подложни да платат двојно патарини, гориво, автобуски билети со оглед дека се вратија назад кон Скопје, а потоа преку автопатот Гостивар – Тетово се упатија до градовите Прилеп, Битола, Ресен…

Многу од граѓаните ја искористија информацијата за да бараат чаре, да преноќат во блиското Кавадарци, да се вратат кон Скопје и преку автопатот Скопје – Гостивар да се упатат на саканата дестинација на југозападот. Сепак само еден час подоцна од надлежните служби беше објавено дека сообраќајот е нормализиран, па огромен број на граѓани не само што платија огромни суми, но и потрошија непотребно време за да се вратат назад во Скопје, а потоа да ја искористат другата делница за да пристигнат во своите домови, туку и преморени по седумчасовното чекање мораа да возат стотици километри.

Ваквата некоординираност предизвика гнев кај граѓаните кои повеќе од седум часови чекаа да биде деблокиран сообраќајот, во недостиг на информации што се случува таму во доцните ноќни часови.

Оние кои беа со автомобили се разбира можеа да се вратат, на само доколку дополнат уште по 1000-2000 денари за гориво и да имаат пари за патарини, храна и пијалоци, но вистинска драма преживувале и оние кои биле со автобуси, претежно млади студенти кои се враќаат од Скопје во своите родни градови за викендот.

Според информациите некои од автобуските компаниии бесплатно ги пренеле граѓаните преку автопатот Скопје-Гостивар, додека други им барале да на граѓаните да доплатат уште 300-400 денари.

Пожарот на Плетвар го прекина сообраќајот околу 15 часот и 40 минути, при што се создаде десет километарска колона од возила, а во недостиг на информации за тоа што ќе се случува, многу од граѓаните останаа да чекаат се до доцните часови, по што проструила информацијата дека пожарот е многу голем и дека патот најверојатно ќе биде пуштен во функција дури наутро, сепак во 23 часот изненадувачки се случува пресврт и патот е пуштен во сообраќај, се разбира откако многу граѓани се вратија назад во Скопје или го искористија патниот правец Скопје – Гостивар за да стигнат до битолско-прилепскиот регион.