Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Локализиран пожарот кај Плетвар, по седум часа пуштен во сообраќај патот Прилеп – Росоман

Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Росоман е нормализиран околу 23 часот, информира АМСМ. Тој беше во прекин поради шумски пожар над каменоломот на превојот Плетвар во атар на селото Тројаци кон селото Топлица.

Поради пожарот, сообраќајот на патниот правец Прилеп – Росоман беше во прекин повеќе од седум часа, а од двете страни на превојот се формираа километарски колони.

Пет големи пожари беа активни вчера во Прилепско.На помош на прилепските пожарникари пристигнаа екипи од соседните градови, кои заедно со нив се обидуваа да го изгаснат огнот.

Можеби ќе ве интересира

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК

Силно невреме проследено со град на автопатот Скопје – Тетово, невреме и во други делови на Македонија: Каде е најкритично?

ДЕСК

ТЕЖОК СЛУЧАЈ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ: Во дом пронајдена почината педесет и деветгодишна жена

ДЕСК