Centar.mk
БИЗНИС

Објавена листа со имиња и презимиња: Над 4.500 граѓани и фирми должат на државата, во листата на УЈП познати бизнисмени, компании

Голем број јавни претпријатија и општини, но и познати македонски компании и бизнисмени, се најдоа на новата листа должници на Управата за јавни приходи (УЈП) за долгови доспеани до 31.05.2019 и неплатени до 31.08.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На новата Листа на должници бјавени се 1.979 должници – правни лица (помалку за 34 од претходната листа) и 2.586 физички лица (повеќе за 77 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во листата бр.9/2019 изнесува 10.199.141.546 денари (околу 163 милиони евра) повеќе за 343.653.670 денари од претходната листа.
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.058.805.415 денари (повеќе за 354.004.608 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е
140.336.131 денари (помалку за 10.350.938 денари од претходната листа).

Македонска радиотелевизија на УЈП и должи 32 милиони денари, Македонска радиодифузија должи околу 26,3 милиони денари, Комуналното јавно претпријатие Струга должи 16,7 милиони денари, општина Карпош должи 54 милиони денари…

Целата листа должници ТУКА.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК