23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Јовески и СЈО се договараат за преземање на предметите

Започна средбата меѓу државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во просториите на Специјалното јавно обвинителство каде се договараат деталите како ќе се преземат предметите што ги води СЈО.

Во текот на вчерашниот ден преку допис, СЈО потврди дека е подготвено веднаш да ги предаде сите предмети, списи и докази до Јавното обвинителство.

„Ја известуваме јавноста дека од страна на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија доставен е допис во кој е наведено дека согласно член 6, став 5 од Законот за
Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, неопходно е ова Обвинителството да преземе дејствија за предавање на предметите во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Постапувајќи по дописот, до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија доставено е известување дека Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е подготвено веднаш да ги предаде предметите по кои постапува со сите списи и докази“, се вели во соопштението на СЈО.

Во соопштението не е наведено дали до ЈО ќе бидат предадени и аудио-снимките, односно прислушуваните материјали, бидејќи тие се во надлежност единствено на СЈО.

Минатата недела шефицата на СЈО Катица Јанева која е во притвор за случајот „Рекет“ побара Јавното обвинителство со кое раководи Јовески да ги преземе сите предмети, истраги и предистражни постапки.