Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Протекоа детали од лидерската средба – Мицкоски побарал амнестија за најмалку тројца поранешни високи функционери на ВМРО ДПМНЕ

Лидерската средба на којашто требаше да се разговара за Законот за ЈО односно за продолжување на функционирањето на СЈО во рамки на ЈО заврши без договор.

Извори од средбата брифираат дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на лидерската средба побарал амнестија за најмалку 3-ца поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Според овие извори, Мицкоски настапил со однапред разработен план во две точки: првата, кои случаи на СЈО треба да бидат опфаттени со амнестија и втората кој обивнител од ЈО тие предмети треба да ги преземе.

Согласно наведените предмети кои биле соопштени од Мицкоски, меѓу кои „Империја“, „ТНТ„ „Пропаганда“, „Талир“, „Тврдина“, и за кои предложил да бидат опфатени во амнестијата, јасно било веднаш за кој станува збор.

Разработениот план кој обивнител да преземе некој од овие предмети било толкувано како јасен сигнал дека наместо правда, Мицкоски бара уривање на правната држава.

Како што брифираат нашите извори Заев предлогот на Мицкоски веднаш го одбил.

 

 

Можеби ќе ве интересира

ТРН признанија за храбрите и упорните гласови во 2025

ДЕСК

Временска слика што ретко се гледа во декември – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Објавил фотографија на социјалните мрежи – полицијата му затропа на врата оти промовирал и поттикнувал омраза и насилство

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.