8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сообраќајка кај Градско: Моторциклист тешко повреден

Моторциклист со тешки телесни повреди заврши во болница по сообраќајка на регионалниот пат Градско- Прилеп.

Според пријавеното, вчера во 14,00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Градско–Прилеп, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „форд фокус“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.И.(30) од Радовиш, и мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Т.(36) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Општата болница во Прилеп за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.