18. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Уапсени шест лица – Македонската полиција ги улови на дело

Македонската полиција лиши од слобода шест лица откако ги фати на дело со дрога.

Во 23,15 часот полициски службеници од СВР Скопје од улицата “Самоилова“ го лишиле од слобода 23-годишниот Љ.И. од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Исто така, СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.П.(42) и Ф.П.(51), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 26.08.2019 на улица „Петре Георгиев“ во Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домовите на пријавените, при што пронашле и одзеле хероин и марихуана.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.М.(24) од с.Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 31.08.2019 на улицата „Никола Тесла“ во Гостивар полициски службеници извршиле претрес на А.М., при што пронашле и одзеле марихуана.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против К.Џ.(33) и К.А.(25), двајцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 18.08.2018 на улица „Ленинова“ во Струмица полициски службеници извршиле преглед на второпријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин, а при преглед на Т.Т. од Струмица пронашле и одзеле кокаин, кој претходно го набавил од второпријавениот.

По преземени мерки било утврдено дека истиот ден во Струмица второпријавениот го купил кокаинот од првопријавениот.

Можеби ќе ве интересира

Сите гласови од немоќните, болните и затворениците се запечатени во посебни коверти и гласачка кутија, истата се отпечатува дури во недела во 19 часот кога ќе бидат затворени гласачките места низ Републиката

ДЕСК

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК