Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

„Мерцедес“ управуван од 18-годишник удрил во скопјанка на електричен тротинет

Скопјанка на возраст од 41 година, која управувала електричен тротинет, е тешко повредена кога утрото на 4 септември во неа удрил автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски таблички.

Автомобилот бил управуван од 18-годишник од скопското село Мојанци.

Незгодата се случила на крстосницата од булеварите Крсте Мисирков и Гоце Делчев, а од ударот тешко повредена била жената, која веднаш била пренесена во болницата „Св. Наум Охридски“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ДРАСТИЧНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ПОДГОТВЕТЕ ЈАКНИ И ЧАДОРИ – Метеоролозите со повеќедневна прогноза

ДЕСК

ДРАМА ВО КАРПОШ: Косовец демолирал објект во круг на болница – заврши во затвор

ДЕСК

ДРАМА ВО СКОПЈЕ: 15-годишник нападнат среде ден

ДЕСК