5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Детали за страшната сообраќајка на Илинденска – позната состојбата на четворицата повредени

Триесет и осумгодишен скопјанец со мотоцикл „бмв“, вчеравечер удрил во четворица пешаци на булеварот Илинден во Скопје. Повредените се на возраст од 45 до 76 години.

Пешаците се тешко повредени од ударот, а мотоциклистот добил полесни повреди.

Една жена била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“, исто како и мотоциклистот, друга во Градската општа болница „8 Септември“, а преостанатите двајца повредени пешаци биле хоспитализирани во градската болница „Св. Наум Охридски“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.