Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ЈО: Ќе го разгледаме барањето на Јанева

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ќе го разгледа барањето на специјалната обвинителка Катица Јанева, којa е во притвор, за префрлање на сите истраги и предистражни постапки од СЈО во републичкото обвинителство.

„Денеска судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави известување од Јавниот обвинител за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, кое го примил преку КПУ Затвор Скопје- Скопје. Во известувањето се наведува дека Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ги овластува јавните обвинители во тоа обвинителство кривичните предмети да ги предадат во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението на ЈО.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на отворање на Домот на културата „11 Октомври“ во Гази Баба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

ДЕСК

УДИРА СИЛЕН ЦИКЛОН: Дожд, снег и засилен ветер низ Македонија – прогноза за следните 4 дена

ДЕСК