7. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Јанева од затвор дала наредба сите истраги да се префрлат во ЈО

Од СЈО потврдија дека Катица Јанева од затворот во Шуто Оризари дала наредба сите истраги и предистражни постапки во рок од три дена да бидат префрлени во Јавното обвинителство.

Во текот на вчерашниот ден до ова Јавно обвинителство од страна на Основниот кривичен суд Скопје доставено е полномоштво, кое Катица Јанева преку КПУ „Затвор Скопје“ го доставува до ова Јавно обвинителство. Со полномоштвото Јанева ги овластува обвинителите во ова јавно обвинителство да ги предадат на Јавното обвинителство на РСМ предметите што се водат во ова јавно обвинителство, и тоа: кривичните предмети во судење, во истрага и во предистрага.

Имајќи го предвид законот за СЈО и одредбите за автономија на Обвинителството, во текот на денешниот ден ќе биде испратен допис до Јавното обвнителство на РСМ со цел запознавање на јавниот обвинител на РСМ со ваквото полномоштво по што ќе биде донесена одлука за евентуално понатамошно постапување.

За наредбата на Јанева треба да биде донесена одлука на колегиумот на СЈО. Инаку, во СЈО без поднесено обвинение останаа десетици истраги.