Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Денот на независноста ќе се слави на Школка во Градскиот парк

Одбележувањето на Денот на независноста, 8 Септември, годинава ќе се одвива под мотото „Боите на независноста“ и заедничката прослава ќе се одржи в недела во Градскиот парк, пред Школка, со почеток во 11 часот.

„Ве покануваме почитувани медиуми и граѓани заедно да ги прославиме боите на слободата, на радоста и убавината“, изјави денеска на редовната прес-конференција портпаролот Муамет Хоџа.

За среќа и радост во вашиот дом, заследете го следниот канал на YouTube со клик тука!

▶ ЗАСЛЕДЕТЕ ГО TAMNI TALAS

Уживајте во музика исполнета со емоции, љубов и убави моменти.

На прославата ќе се обрати премиерот Зоран Заев, а ќе настапуваат „Петко и пет плус,“ групите „Ај Кју“, „Денсерс јунајтед“, Виолета Томовска, Елита Зибери и ди-џејот Драган Б. Костиќ.

Портпаролот Хоџа информираше дека ќе бидат поставени повеќе штандови, каде присутните ќе имаат можност да уживаат во традиционална храна од сите краеви на нашата земја, да учествуваат во спортски активности и да го проверат своето здравје.

„Заинтересираните граѓани ќе имаат можност да измерат притисок, да извршат очен преглед и да добијат повеќе информации за најновите мерки на Министерството за здравство, Управата за јавни приходи, да се запознаат и да ги проследат вештините на Армијата и на полицијата. Претставниците на Министерството за внатрешни работи ќе изведат показни вежби со кучиња, а припадниците на ‘Тигрите’ ќе помагаат при спуштање со алпинистичко јаже“, додаде портпаролот Хоџа.

Свеченото чествување на Денот на државноста на нашата држава ќе почне со оддавање почит и положување цвеќе на партизанските гробишта во Бутел и на гробовите на поранешните претседатели Борис Трајковски и Киро Глигоров.

Можеби ќе ве интересира

НЕ ГИ ПОЧИТУВАЛ СУДСКИТЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА НА СОПРУГАТА – Приведен 56-годишник во Кичево

ДЕСК

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ОХРИД – Приведен 26-годишник со бела прашкаста материја

ДЕСК

ГИ НАПАДНАЛ МАЛОЛЕТНИТЕ ДЕЦА И ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО – Приведен 40-годишник во Кочани

ДЕСК