4. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ахмети: Медиумите драматизираат со случајот со Адеми

Централното раководство на ДУИ одржа редовен состанок кој траеше неколку часа, а теми беа политичките случувања и  ЕУ и НАТО и ситуацијата со СЈО.

Ахмети изјави дека актуелниот закон за СЈО мора да се почитува се додека не се донесе нов.

-Треба да се почитува законот за СЈО и да се постапува согласно законоските рамки постигнати меѓу сите страни. Ние бараме овој закон да се почитува, секое отстапување од законот има последици за земјава за правниот систем на РСМ, вели тој пренесе Тв21.

Ахмети за Џеват Адеми изјави дека случајот го драматизираат медиумите.

– Органите на правдата и истражните органи треба да ја кажат вистината. Никој нема да го убие синот, пријателот, Џеват не е таков, изјави Ахмети.