Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Шекеринска-Ерјавец: Членството во НАТО го отвора патот кон ЕУ

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, во Блед имаше средба со својот словенечки колега, Карл Ерјавец. На средбата беа потврдени искреното пријателство меѓу двете земји, успешната соработка во одбраната и активната поддршка што Словенија ѝ ја дава на Северна Македонија во сите фази на напредок кон интеграциите во НАТО и ЕУ.

„Словенија го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО веднаш по Грција и тоа беше позитивен сигнал кон регионот и другите земји членки. Сега процесот е при крај. И сигналите од ЕУ за отворање на преговорите во октомври се позитивни“, рече министерката и се заблагодари за континуираната поддршка на Словенија.

Министерот за одбрана на Словенија, Карл Ерјавец, изрази надеж дека членството на Северна Македонија во НАТО ќе го отвори патот за членство во ЕУ.

„Брзата ратификација на протоколот е доказ за нашето искрено пријателство. Се надевам дека на самитот на НАТО во декември Северна Македонија ќе биде полноправна членка, а тоа ќе го отвори патот за членство во ЕУ. Така беше и со Словенија. Уверен сум дека ЕУ ќе отвори многу можности за развој на земјата“, рече Ерјавец и уште еднаш ја понуди поддршката на својата земја на секој чекор од тој пат.

Двајцата министри договорија засилена соработка во одбраната и експертска помош во реформите на одбранбениот сектор во согласност со стандардите на НАТО.

Средбата се одржа на маргините на бледскиот стратешки форум, каде што утрово министерката Шекеринска зборуваше на панелот на тема „Иднината на алијансата 70 години по потпишувањето на вашингтонскиот договор“.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК